Рускиот претседател Владимир Путин даде осум гола на вчерашниот егзибициски натпревар во хокеј, настапувајќи со руските хокејарски ѕвезди.

Путин играше за екипата Легенди покрај поранешните хокејарски ѕвезди Вјачеслав Слава Фетисов и Павел Буре.

Во истата екипа настапи и рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, кој постигна три гола.

Противничкиот тим беше составен од играчи аматери, меѓу кои и пријателот на Путин Генади Тимченко, милијардерот Владимир Потањин и неколку руски гувернери.

Натпреварот заврши 14 – седум, при што победи екипата на Путин.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/05/2019 13:36