Во пресрет на својот полуфинален натпревар против ЏИО Струмица закажан за вечер во 20 часот во СРЦ „Кале“ во Скопје, екипата на ОК Вардар се посвети на своите навивачи. Попладнево во кафе барот „Централ парк“ во Скопје тие се дружеа со своите фанови.

Тимот ги покани на полуфиналниот натпревар со ЏИО Струмица, играчите потпишуваа маици и ги споделија своите цели за годинешната и претстојната сезона.

– Посветеноста на фановите е исклучително важна за ОК Вардар чии играчи сакаат директно да се запознаат со сите поддржувачи. Тоа го направи и Конал Мекеинш од Австралија преку следното видео споделувајќи повеќе за себе и за играта: https://www.youtube.com/watch?v=KlSQnn-0AYg&feature=youtu.be

Од ОК Вардар се заблагодарија на поддршката на Централ парк и сите кои присуствуваа на настанот. Тие ветија возбудлив натпревар со ЏИО Струмица, објави ОК Вардар.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/05/2019 16:21