Холанѓанката Кики Бертенс е победничка на турнирот во Мадрид, откако вечерва во финалето беше поуспешна од Симона Халеп од Романија.

Седмата фаворитка за нешто помалку од еден и пол час ја победи третата носителка со 2-0, по сетови 6:4 и 6:4.

Турнирот во Мадрид се игра за награден фонд од 6,53 милиони евра.

Утре во машкото финале ќе се сретнат Нова Ѓоковиќ и подобриот од вечерашниот меч Циципас – Надал.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/05/2019 04:31