Со проекција на документарен филм се заокружува одбележувањето на јубилејот 30 години од формирањето на навивачката група „Војводи“ – Тетово, поддржувачи на фудбалскиот клуб „Тетекс“.

Документарниот филм ќе биде прикажан вечерва во Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“ во Тетово со почеток во 20 часот.

-Војводи се формирани на Петковден, 28 октомври 1988 година. На тој ден со кореографија, навивачки песни и пиротехника за прв пат организирано се навиваше на натпреварот Тетекс- Балкан Стококомерц на стадионот во Тетово, изјави Александар Ничовски од навивачката група.

На денот на јубилејот 28 октомври минатата 2018 година почна снимањето на документарниот филм. Дел од активностите за прославата беа низ Тетово со движење и кореографијата со пиротехника и знамиња на навивачкат група, како и прославување на стадионот при одигрување на првенствнито натпревар Тетекс-Струга.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/05/2019 13:06