Движењето за поддршка на креативноста „Иво Лауренчиќ – ’Браво сине’“ и издавачката куќа „Арс ламина“ денеска напладне на Саемот на книгата ќе ја промовираат новата едиција „Бајки од Македонија за цела година“.

Новата едиција е составена од 52 бајки од македонското народно творештво, или по една бајка за секоја недела во годината. Бајките се избор од собраните народни приказни од Марко Цепенков, Стефан Верковиќ и Танас Вражиновски.

Креативниот концепт и илустрацииите се изработени од илустраторката Катерина Николовска, која работеше и на креативните решенија на претходните изданија на „Бајки од Македонија“.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/05/2019 16:27