Романката Симона Халеп може да се искачи на првата позиција на ВТА ранг листата, по турнирот во Рим.

За да се оствари тоа, романската тенисерка треба да ги победи сите мечеви. Сепак и тоа нема да и биде доволно на Халеп, доколку моментално водечката Наоми Осака (Јапонија) стигне до четвртфиналето.

И двата тенисери настапуваат во второто коло. Осака ќе игра со претставничката на Словачка Доминика Цибулкова, додека Халеп – со победникот од мечот Маркета Вондорушова – Барбора Стрицова.

За потсетување, Осака е прва на ВТА листата по освојувањето на Астралија опен во јануари оваа година.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/05/2019 13:46