Рафаел Надал идниот месец на Мајорка ќе се венча за својата љубов од детството, Марија Перело, а на свадбата ќе присуствуваат 500 гости, објави шпанскиот ТВ-канал Телесинко.
За менито ќе биде задолжен познатиот шпански готвач Кике Дакоста, а ручекот ќе содржи зеленчук, за Рафа, додека за останатите гости е предвидено традиционален шпански оброк со месо и риба.
Точниот датум на венчавката не се открива, но гласините говорат дека двократниот победник на Вимблдон, ќе го пропушти овогодишниот турнир (1 – 14 јули), оти ќе биде на меден месец. Тенисерот овие наводи не ги коментираше.
Рафа и Марија Перело се заедно веќе 14 години. Таа ја напушти работата во компанија за осигурување, за да може да ја води Фондацијната на Рафаел Надал, основана пред речиси десет години. Важи за личност која не сака да се експонира во јавноста.
Претходно, родниот град на тениската ѕвезда, Манакор на Мајорка е навестен како можна локација за венчавката.
Тој инаку на обожавателите им откри дека лани во март ја запросил Марија на патување во Рим.