[photo
Освојувачката на 23 Гренд слем титули, Серена Вилијамс по трет пат во кариерата мораше да се откаже од учество во тенискиот турнир од сериите „Премиер 5“. Американката ја започна кампањата на земја со победа над Ребека Петерсон, но се откажа поради повреда пред долгоочекуваниот судир со нејзината постара сестра, Винус.
– Требаше да се повлечам од турнирот во Рим поради болката во левото колено. Ќе ми недостигаат навивачите и натпреварите на еден од моите омилени турнири. Ќе се фокусирам на рехабилитација, со нетрпение очекувам да ве видам на Отвореното првенство на Франција и на турнирот во Рим следната година, рече Серена Вилијамс.
Причината се обновени болки во левото колено, кое не за прв пат и создава проблеми во долгата кариера. Рим беше само четврти турнир на Вилијамс оваа година, откако таа одигра до крај само еден.
Серена е четирикратна шампионка во Рим – 2002, 2013, 2014 и 2016 – а во 2012-та и 2015-та исто се откажуваше пред натпреварите поради повреди. Нејзиниот последен пораз во Вечниот град е од 2010 година од Јелена Јанковиќ.