Од денеска до 22–ри мај во Куманово ќе се одржи 14-тото издание на Фестивалот на новиот германски филм во организација на Амбасадата на Сојузна Република Германија во државава. Според информациите на надлежните од Младинскиот културен центар „Козјак“ од Куманово на фестивалот ќе бидат прикажани осум филмови од различни жанрови.
Посетителите ќе имаат можност да проследат филмови од најновата филмска продукција на Германија, комедии, драми, детски филмови , но и кратки германски филмови.
На фестивалот ќе бидат прикажани комедијата „100 работи“, драмата „Жешко столче“, филмовите „Во време кога светлината згаснува“, „Исход на вистината“, детските „Љубопитниот Тоби и тајната на нашата планета“, „Тим Талер или момчето што ја продаде својата насмевка“, „Помош ги смалив родителите“ и пакет кратки филмови.
Фимовите почнуваат во 20 часот во МКЦ „Козјак“.
Фестивалот потоа патува во салите ширум земјата, Прилеп, Битола, Охрид, Радовиш, Штип, Тетово , Кавадарци, Гевгелија, Скопје.