Семејството на легендарниот пилот во Формула 1, Михаел Шумахер, за првпат по несреќата што ја доживеа за време на скијање во декември 2013 година, дозволи на камери да влезат во нивниот семеен дом во близина на Женева за снимање на документарен филм.

Германскиот режисер Мајкл Вех и Ханс-Бруно Камертенс ќе снимаат документарец за Шумахер, во кој сведочење за седумкратниот шампион ќе дадат членовите на неговото семејство, сопругата Корина, синот Мик, кој тргна по неговите стапки во Формула, ќерката Џина-Марија и таткото Ролф.

Се ќе биде претставено со досега невидени фотографии и снимки, а премиерата на документарецот е закажан за 5-ти декември.

Шумахер доживеа ски-несреќа во Франција и од тогаш семејството се обидува да ја зачува неговата состојба во тајна.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/05/2019 02:18