Америкаснкиот претседател Доналд Трамп планира во следните денови да одржи говор во кој ќе ги изложи своите погледи за реформата на имигрантските закони, информираа вчера републикански сенатори откако за планот беа информирани од советници од Белата куќа.

Трамп работи со советници на предлогот за поттикнување на визи за висококвалификувани работници, кои сакаат да се вселат во САД и намалување на другите видови на визи, што е план, кој можно е да не помине во Конгресот пред претседателските избори во ноември 2020 година.

Републиканците и демократите веќе со години се борат околу тоа како да ги реформираат старите имигрантски закони, а битката стана уште по поларизирана од 2016 година, кога Трамп се натпреваруваше за местото претседател, ветувајќи дека ќе изгради ѕид на јужната граница на САД, со цел да спречи имигрантите да влегуваат нелегално во земјата.

Републиканските сенатори Џон Корнин и Џон Барасо изјавија дека Трамп ќе го изложи своите гледишта во говор во текот на неделава.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/05/2019 16:24