Двократниот светски шампион во Формула 1, Фернандо Алонсо доживеа несреќа за време на тестовите пред легендарната трка Инди 500, но сепак не е повреден.

Шпанецот ќе направи втор обид да победи на трката и така да си обезбеди „Тројна круна“, но работите не почнаа добро за него.

За време на тетовите, Алонсо излезе многу високо на третата кривина, удри во ѕидот, по што автомобилот се лизна по трасата, за да се сретне со внатрешниот ѕид, каде неговиот удар беше посериозен и последователно повторно да се удри во надворешниот.

Искусниот пилот сепак бил прегледан во медицинскиот центар, а потоа ослободен. После тоа, тој призна дека направил грешка: „Ја потценив потисната сила излегувајќи од третата кривина. Жал ми е за момчињата кои толку многу се трудеа, но ја научив лекцијата“, напиша Алонсо на Твитер.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/05/2019 10:41