Одбојкарките на oпштина Карпош се нови шампионки на „Купот Св. Ѓорѓи“. Во финалниот натпревар избраничките на проф. Александра Николовска беа посупешни од своите врснички од oпштина Гази Баба, со резултат од 2:0. Со идентичен резултат заврши и средбата меѓу екипите на Центар и Кисела Вода.

Пехарите и дипломите на најуспешните ги додели претседателот на Советот на Општина Кисела Вода, Дарио Шимиќ. Со завршувањето на одбојкарскиот турнир, практично заврши годинашното издание на „Купот Св Ѓорѓи“, кој изобилуваше со ревија на спортски таленти во футсал, кошарка и одбојка, од општините Кисела Вода, Карпош, Центар и Гази Баба.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/05/2019 19:07