Џон Иснер ќе го пропушти „Ролан Гарос“ поради повреда и на тој начин ќе стави крај на неговата извонредна серија од 24 последователни учества на Гренд-слем турнири.
Триесет и четири годишниот Американец, 11-ти во светската ранглиста, страда од повреда на левото стапало и нема да успее да се опорави за „Ролан Гарос“, каде што стигнал до четвртиот круг три пати.
Иснер ја доби повредата на турнирот во Мајами кон крајот на март и оттогаш не игра. Американецот не пропуштил турнир од „големата четворка“ од Австралија Опен во 2013 година.