Дуелот во тешка категорија меѓу американските боксери Дионтеј Вајлдер и Доминик Бризил траеше помалку од една рунда на рингот во „Барклис Центар“ во Бруклин.

Вајлдер, кој е шампион во верзијата ВБЦ, речиси ја исполни заканата да заврши еднаш засекогаш со својот ривал, откако го испрати на подот со силен удар минута пред крајот на првата рунда, а Бризил така и не успеа да се исправи на нозе.

Со победата, Вајлдер даде силна најава за дуел за обединување на титулите со Ентони Џошуа, а сличен судир ќе предизвика огромен интерес.

Вајлдер веќе има 41 победа, од кои 40 со нокаут. Ова беше 9-та успешна одбрана на титулата во ВБЦ, која ја освои во 2015 година.

Спротивно на заканите пред мечот, и двајцата се прегрнаа на рингот, откако со тоа сакаа да покажат дека нивното непријателство е во минатото.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/05/2019 12:21