Книгата раскази насловена „Четирите реки на Мишима“ од Огнен Коцевски, деновиве излезе од печат во Издавачката куќа „Макавеј“.

Писателот Коцевски за МИА наведе дека кингата „Четирите реки на Мишима“, наградена од УНЕСКО, е составена од раскази за животот на генијалните умови како што се Мишима, Кантор, Гедел, Бетовен, Гардел, Битниците, Исус.

Коцевски посочи дека слично како и Мишима, тој пред читателот поставува избор: дали ќе ја избере реката на смртта, патосот, трагиката и болката која го следи генијалецот или ќе ја избере реката на Мишима, онаа река која малкумина ја избираат и која е најопасна-реката на дејствувањето, храброто самурајско спротивставување на судбината.

– Ова се раскази кои ќе ве замислат, ќе ве натераат да ги преиспитате своите животни ставови, ќе допрат до најскриените тајни на битисувањето, исткна Коцевски.

Огнен Коцевски и припаѓа на младата генерација автори во нашата современа литература. Неговиот пристап внесува нов дух во нашиот прозен дискурс давајќи му специфичен тон. автентичен белег.

Претходно, автор е на книгата „Кабалата и западната филозофија“. Во јавноста е присутен со стручни анализи, коментари и критики на верските состојби кај нас и во светот, а учесник е на трибини, дебати и конференции од областа на филозофијата и меѓуверскиот дијалог.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/05/2019 14:32