Чешката тенисерка Каролина Плишкова е победничка на ВТА турнирот во италијанската престолнина Рим.

Плишкова денеска во финалето ја совлада британската тенисерка Јоана Конта со 2-0, по сетови 6:3 и 6:4.

Мечот траеше еден час и 27 минути.

За Плишкова ова е 13. ВТА трофеј и втор на турнирите од Премиер серијата.

По денешниот успех, чешката тенисерка ќе се искачи на второто место на светската ранг листа.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/05/2019 15:51