Под покровителство на Општина Булќиза, а во соработка со спортското друштво „Голо Брдо“ и албанската боречка Федерација, во селото Големо Острени се одржа традиционалниот куп во борење „Голо Брдо 2019 година”.
На манифестацијата учествуваа голем број борачи од повеќе села на областа Голо Брдо, меѓу нив и од дебарското село Џепиште, кое географски припаѓа на оваа област.
Поради близината и роднинската поврзаност поголем број жители од ова и соседното дебарско село Отишани имаше и меѓу публиката.
Манифестацијата за отворена ја прогласи градоначалникот на Општина Булќиза, Мелаим Дамзи, кој вети подршка за оваа и слични спортски и културни манифестаци во рамки на можностите на општината.
Во категоријата ветерани прво место и преодниот пехар му припадна на Ардит Канџа од село Требиште, додека втор беше Ќамил Дилески од Џепиште. Традицонално победникот добива и овен.
Во младинска конкуренција и деца до 15-годишна возраст победници се Илир Османи и Клодиан Карасани.
Манифестацијата помина во спортска и фер атмосфера,која беше збогатена и со македонски песни и ора а беше отворена и изложба на фотографии од вакви манфестации низ годините.