Кумановскиот театар со претставата „Мани, мани, мани“ ја освои наградата за „Најхумористична претстава“ на фестивалот во Габрово во Бугарија, соопштија денеска надлежните од Цeнтарот за култура „Трајко Прокопиев“.
– Во конкуренција од осум претстави, нашата е прогласена за најхумористична, изјави директорот на установата Сашо Тодоровски.
Тој потсети дека Кумановскиот театар со години учествува на овој фестивал и најави оти ќе го покани театарот од Габрово да гостува во градот со своја претстава.
Кумановскиот театар ќе учествува и на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп со претставата „Физика на тагата“. До крајот на првата половина од годината се очекува да бидат прикажани три премиери на театарот.