Книгата „И тие се тука“ што претставува водич низ учењата на помалку застапените верски групи во државата, денеска излезе од печат, информира Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи.
Ова издание на Комисијата има за цел да ги претстави сите верски групи кои се регистрирани во државата, а не се споменати во Уставот.
Според Комисијата, демократското општество секогаш подразбира плурализам на постоењето, а едукацијата овозможува плурализмот да се сфати како вредност и предност, а не поле за стереотипи и поделби.
Водичот го запознава читателот со основните информации за секоја верска група, за појавата на учењето, развојот низ годините и верските ритуали.