На хокеарскиот Мундијал што се игра во Словачка, познати се осумте репрезентации кои ќе се борат во четвртфиналната фаза.
Од групата А во четвртфиналето место обезбедија: Финска, САД, Канада и Германија.
Од групата Б селекции кои продолжуваат во четвртфиналето се: Русија, Шведска, Чешка и Швајцарија.
На денешната програма се шест натпревари по кои ќе се комплетира последното, 7. коло во групната фаза. Двојките се: Чешка – Швајцарија Финска – Германија Норвешка – Летонија Словачка – Данска Канада – САД Шведска – Русија.