Американскиот секретар за одбрана Патрик Шанахан планира состанок со неговиот кинески колега за време на регионалниот самит за одбрана следната недела во Сингапур, наведоа извори блиски до Пентагон.

Шанахан ќе биде на азиска турнеја од вторник за да ги посети Индонезија, Сингапур, Јужна Кореја и Јапонија.

Шефот на Пентагон ќе одржи говор за американската стратегија за одбрана на регионалниот собир во Сингапур. На средбата ќе присуствува и кинескиот министер за одбрана, Веи Фенг.

Извори во Пентагон велат дека Шанахан ќе се сретне со својот кинески колега на маргините на тој состанок.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/05/2019 15:26