Здружението Новинари за човекови права денеска во Скопје ќе ја промовира книгата „Скриениот херој во секое дете“.
На настанот ќе биде презентиран и проектот „Скриениот херој во секое дете“ спроведуван од декември 2018 година до јуни годинава.
Како автори на книгата се јавуваат децата од Дневниот центар за деца од улица од Шуто Оризари, каде беа спроведувани активностите од членовите на „Новинари за човекови права.“
Проектот чија главна цел е ресоцијализација и интеграција на децата од улица во Шуто Оризари, е под-грант на проектот „Социјално зајакнување на млади во ризик“, на ХОПС – Опции за здрав живот, Скопје, финансиран од Европската комисија во рамки на програмата за граѓанско општество и медиуми 2014-2015,со поддршка од регионални тематски мрежи на граѓански организации.