Издавачката куќа „Арс Ламина“ и Институтот за педагогија на Филозофски факултет при УКИМ денеска и утре во Скопје ќе одржат обуки на тема „Читањето е супермоќ – Развивање на читачките способности и вештини кај учениците“.
Обуките се наменети за педагозите, библиотекарите, дефектолозите, директорите, одделенските наставници и предметните наставници по македонски јазик во основните училишта.
На обуките ќе зборуваат професорките Јасмина Делчева-Диздаревиќ, Анета Баракоска, Елизабета Томевска-Илиевска и група практичари.