Првиот светски рекет, Новак Ѓоковиќ е задоволен од своето издание на првиот негов меч годинава на Отвореното првенство на Франција.

Ѓоковиќ вчера го совлада полскиот тенисер Хуберт Хуркач со 3:0.

– Уште во првото коло добив многу добар противник. Тоа придонесува да се влезе во работен режим и придонесува кон одржување на концентрацијата. Затоа сум веќе фокусиран и мотивиран од самиот почеток. Никогаш не играв со Хуберт, знаев дека е опасно ако му дозволам да ја одигра својата игра. Мислам дека добро играв. Сите елементи на мојата игра добро функционираа. Јас сум задоволен од моето издание, изјави Ѓоковиќ.

Во вториот круг, 32-годишниот Ѓоковиќ ќе игра со Анри Лаксонен од Швајцарија.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/05/2019 10:41