Иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф на Твитер напиша дека Иран не сака нуклеарно оружје, кое врховниот лидер на земјата го забрани со фатва, и додаде дека американската политика му наштетила на иранскиот народ и предизвикала регионални тензии.
– Ајатолахот Али Хамнеи одамна рече дека не сакаме нуклеарно оружје, со издавање забрана со фатва, напиша Зариф.
Според него, економскиот тероризам на САД му наштетува на иранскиот народ и предизвика затегнатост во регионот.