Во Центарот „Јавна соба“ од 19 часот ќе биде промовиран македонскиот превод од книгата „Во Лотарингија“ на Емануел Рембер, советник за култура и соработка во Амбасадата на Франција и директор на Францускиот институт во Скопје.

Престојот во секоја земја дипломатот Рембер го завршува со книга. По делото „Немирни денови во Либија”, престојот во Брисел го инспирирал да напише биографија за Жан-Клод Пирот, белгиски поет, проколнат писател, адвокат, анархист и вечен бегалец.

Книгата „Во Лотарингија“ е негов биографски есеј, а на македонски јазик излезе во издание на „Магор“. Средбата со читателите е замислена како интервју што ќе го води новинарката Ана Јовковска, со обезбеден консекутивен превод од француски на македонски јазик.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/05/2019 12:23