Американската професионална хокеј лига – НХЛ ги откажа мечевите кои по традиција пред сезоната се одржуваат во Кина.

На есен оваа година нема да има хокеј од НХЛ во Кина поради проблеми со резервации на арени. Тешкотиите со термините настанале поради одбележувањето на 70-годишнината од основањето на Народна Република Кина.

Заменик-претседателот на НХЛ, Бил Дејли, истакна дека лигата планира да се врати со промотивни мечеви во Кина на есен 2020 година.

– Ние ќе го зголемиме нашето присуство во Кина. Ги покануваме играчите, претставниците на лигата и хокеарските здруженија да ни се придружат. Подготвени сме да инвестираме во училишни програми во Кина, предизвикувајќи поголем интерес за хокеј, изјави Дејли.

Покрај во Кина, НХЛ минатата есен организираше натпревари и во Европа (Финска, Шведска).



Автор: Администратор
Објавено на: 28/05/2019 15:00