[photo

Хрватскиот тенисер Иво Карловиќ го победи Фелицијано Лопез (Шпанија) во историски натпревар од првиот круг на „Ролан Гарос“. 211-сантиметри високиот Карловиќ победи со 7:6 (4), 7:5, 6:7 (7), 7:5, а натпреварот е посебен бидејќи комбинираната возраст на двајцата играчи (77) е рекорд за Гренд-слем турнир во отворената ера. Карловиќ има 40, а Лопез – 37.

Покрај тоа, Хрватот стана првиот тенисер по 27 години, кој играл на турнир од „големата четворка“ на 40 години. Во 1992 година, Американецот Џими Конор учествува на „Ју Ес Опен“ на возраст од 40 години. Карловиќ е исто така најстариот играч на „Ролан Гарос“ по покојниот Иштван Гулаш (Унгарија), кој во 1973 година учествувал на парискиот турнир како 41-годишен.

Во четвртиот сет, Лопез водеше со 5:2 и се чинеше дека петтиот сет е неизбежен, но Карловиќ направи пресврт и со 5 последователни гема го совлада својот противник. Исто така, треба да се забележи дека Карловиќ имаше 2 меч топки во третиот дел во тајбрејкот, но Шпанецот успеа да го одведе натпреварот во четвртиот сет.


Карловиќ забележа 35 аса и го победи Лопез во историски натпревар

Шпанецот направи 14 аса, но Карловиќ забележа 35, но дозволи 7 двојни грешки



Автор: Администратор
Објавено на: 28/05/2019 19:04