Каменичанката Елвира Јангеловска го освои второто и третото место на Меѓународниот турнир во ритмичка гимнастика кој во изминатите два дена се одржа во Софија, Бугарија. Како што изјави нејзиниот тренер Мирјана Гошевска, медалите Јангеловска ги освои во дисциплината со топка и „чуњеви“.
– Нашиот најдобар претставник Елвира Јангеловска учествуваше на силниот меѓународен турнир „Левски 2019“ каде што успеа уште еднаш да го извади најдоброто од себе и да освои сребрен и бронзен медал. Сребро освои во дисциплината со топка, додека со „чуњеви“ беше бронзена, истакна Гошевска.
На натпреварот, додава таа, настапиле најдобрите во категоријата гимнастичарки родени 2008 година.
Јангеловска ја очекува пауза до август, период кој ќе го искористи за тренинг со нејзиниот прв тренер во Москва. Јангеловска е по потекло од Русија и веќе неколку години со своите родители живее во Македонска Каменица.