Писателот, новинар и есеист Томислав Османли вечер од 20 часот во киносалата на Музејот на современа уметност ќе одржи предавање насловено „Стрип и ангажман“, во кое ќе се осврне на различни аспекти на општествено-културно влијание на стрипот и графичката литература.

Низ примери од класичното и современото стрип-творештво, Османли ќе говори за стрипот како медиум низ кој авторите се обидуваат да покренат важни политички, социјални и општествени прашања и за тоа каде е границата помеѓу стрип уметноста со ангажирана тематика и неговото влијание наспроти површниот памфлетизам.

Предавањето се реализира во рамки на Школата за ангажиран стрип, која се одржува од април до ноември и е фокусирана на социјално ангажираниот стрип. Проектот е финансиски поддржан од Министерството за култура, Општина Центар и Културен центар „Јадро“.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/05/2019 15:19