Вториот носител на „Ролан Гарос“, Рафаел Надал (Шпанија) се пласираше лесно во третото коло, откако го отстрани 29-годишниот Германец Јаник Маден со 6:1, 6:2, 6:4.
Во следниот круг, ривал на Надал ќе биде Давид Гофен, кој отстрани Миомир Кечмановиќ.
Надал доминираше на теренот уште од самиот почеток на натпреварот против квалификантот и го победи за 2 часа и 9 минути. Иако убедливата победа, имаше некои несигурни моменти во играта на Шпанецот во третиот сет, кога тој два пати загуби на свој сервис, но сепак неговата победа не беше доведена во прашање.
Ако турнирот помине без изненадувања, Надал ќе се сретне со Роџер Федерер во полуфиналето.