Првата светска тенисерка Наоми Осака се пласира во третото коло од Грен слемот „Роланд Гарос“ по победата над Викторија Азаренка од Белорусија.

Јапонката иако го загуби првиот сет (4:6), во следните два беше поуспешна (7:5 и 6:3) з аконечена победа со 2-1.

Мечот траеше речиси три часа.

Во следното коло противничка на 21-годишната Осака ќе биде победничката од дуелот Катерина Синјакова (Чешка) – Марија Сакари (Грција).

Наградниот фонд на „Ролан Гарос“ изнесува 42,6 милиони евра.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/05/2019 14:52