Новинарката на ТВ „Тера”, Весна Шеровска е добитничка на наградата за новинарство за 2019 гододина, која редакцијата на „Битолски весник“, веќе 15 години посмртно ја доделува во чест на прерано починатиот новинар на Радио Скопје и дописник од Битола, Тоде Петревски.

Наградата „Тоде Петревски” во присуство на голем број почитувачи на неговото богато новинарско дело, вљубеници во пишаниот збор, членовите на неговото семејство и голем број новинари му ја врачи сопственикот, директор и главен и одговорен уредник на „Битолски весник“, Менде Младеновски.

Весна Шеровска веќе 18 години професионално работи во битолските медиум, а сега е ангажирана во единствената локална телевизија во Битола ТВ „Тера”.

– Тоде Петревски беше новинар професионалец, кој покрај во Радио Скопје, работеше како дописник на радиото Дојче Веле од Келн и српскиот дневен весник „Политика“, се одликуваше со исклучителна храброст и енергија во новинарската професија и секогаш беше на страната на вистината и се залагаше за почитување на новинарската професија и новинарите. Такви новинари како Тоде Петревски денеска се потребни во македонскиот медиумски простор, кој се среќава со исклучително големи проблеми. Каде поради нерешениот статус со кој се среќаваат новинарите, владее невидена автоцензура- истакна Менде Младеновски за време на врачувањето на наградата.

Инаку Тоде Петревски ненадејно почина во 2004 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/05/2019 18:11