Актерот Владо Јовановски во септември се враќа на работното место во Македонскиот народен театар.
Јовановски на крајот од 2018-та беше амнестиран за упадот во Собранието на 27 април заедно со преостанатите водачи на „За заедничка Македонија“ – Богдан Илиевски и Борис Дамовски.
Тој во својот матичен театар ќе настапи по повеќе од две години пауза и ќе игра во претставата „Бесачи“.