Граѓаните уште денеска и утре имаат можност да ги погледнат делата на реномираните светлосни уметници кои се прикажани на Фестивал на светлината (Skopje Light Art District), што е отворен во Куршумли ан.

Дваесет и пет уметници, уметнички здруженија и уметнички групи од земјава и од странство на 18 локации ќе ги изложуваат своите дела, ќе ги изведуваат своите претстави и перформанси.

Уметниците, со инсталации и настапи во многу бои и светлината, на присутните им претставуваат фантастични и митски суштетства и чудовишта кои магично излегуваат од крошните на дрвјата или се вешто скриени во некој дел од урбаната џунгла, светлечките дрвја, музичките перформанси, 3Д-проекциите и уште многу други светлосни атракции.

Почетната точка од патеката на фестивалот е во чаршијата, води по Кејот на Вардар и завршува во Градскиот парк.

Фестовалот на светлината по втор пат се одржува во Скопје.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/05/2019 15:51