Вториот рекет во женскиот тенис Каролина Плишкова е поразена во Роланд Гарос од хрватската тенисерка Петра Мартиќ со 2:0 во сетови.
Сензацијата на отвореното француско првенство, Мартиќ успеа за помалку од час и половина да освои два сета со идентичен резултат 6:3.
Никој не очекуваше дека чешката тенисерка ќе се прости од Роланд Гарос во третото коло, дотолку повеќе кога се знае дека Петра на ВТА листата се наоѓа на 31. позиција.
Во наредното коло, хрватската тенисерка ќе игра против славеничката од дуелот меѓу Вероника Кудерметова и Каиа Канепи.