Со победа од 3:1 во сетови над Давид Гофин, шпанскиот тенисер Рафаел Надал ја продолжува својата мисија во осминафиналето на Роланд Гарос.

Вториот тенисер на светот и еден од главните фаворити за титулата во Париз првите два сета ги доби уверливо со 6:1 и 6:3 во гемови, за потоа да изгуби сет од Гофин со 6:4 во гемови.

На четвртиот сет Надал повторно се врати во игра и го освои уверливо со 6:3 во гемови.

Иако Гофин добро го измачи со изгубениот сет, може да се каже дека Шпанецот многу лесно ги решава своите ривали на отвореното француско првенство.

Рафа во осминафиналето ќе се соочи со аргентинскиот тенисер Лондер, кој го порази французинот Моутет.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/06/2019 11:18