Во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп вечер од 19 часот ќе биде отворена 57. изложба „Денови на македонска фотографија“ во организација на Фотосојузот на Македонија кој одбележува 73 години постоење.
На изложбата чиј домаќин годинава е Фото кино клубот Прилеп ќе бидат претставени 122 фотографии од педесет и двајца автори.
Ќе бидат доделени награди во конкуренција на сениори за поединечна и за колекција на фотографии, во јуниорска конкуренција – за поединечна, а првпат и награда за документарна фотографија. На изложбата ќе претходат проекции на автори од цела држава.