Носителот на појасот во Светскиот боксерски совет во тешка категорија (ВБЦ), Дионтеј Вајлдер објави дека потпишал договор за натпревар со Британецот Тајсон Фјури.

Тој ќе се случи по неговиот претстоен натпревар со Луис Ортиз и ќе биде повторување на натпреварот помеѓу нив од декември минатата година, кога средбата во Лос Анџелес заврши нерешено.

Фјури, исто така, останува единствениот боксер против кого Вајлдер не победил во 41 професионален меч на рингот.

– Прво е Луис Ортиз, па Тајсон Фјури. Сите договори се веќе потпишани и сè е официјално, напиша Вајлдер на Твитер.

Пред средбата со Вајлдер, Фјури исто така ќе има натпревар на 15 јуни, кога ќе се бори против Том Шварц во Лас Вегас.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/06/2019 13:36