Гевгелија вчера и денеска е домаќин на филмскиот фестивал „Џифони Македонија“ чија цел е да ја промовира идејата на познатиот „Џифони Експирианс“ меѓу младите филмски фанови во земјава.

Младинскиот филмски фестивал почна да се одржува од 2013 година, поттикнат од недостатокот на млади луѓе во кината и театрите во нашата земја, но денес тој станува многу поважен за младите отколку што се очекувало на почетокот, велат организаторите.

Посочуваат дека фестивалот е вистинско искуство за младите луѓе за кои се организираат проекции,дебати,работилници,концерти,панели и целокупно вклучување на градската заедница.

Во текот на вчерашниот ден беше прикажан филмот ,,Лос Бандо“ по кој се одржа и работилница, а за денеска е предвидена проекција на филмот „Несовршена возраст“.

Фестивалот кој е финансиски подржан од Агенцијата за филм и од фестивалот „Џифони Експирианс“ се одржува со помош на соработката меѓу општина Гевгелија и амбасадата на Италија во нашата земја.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/06/2019 13:39