Пингпонгарскиот клуб (ПКК) „Саса” во претстојната сезона ќе се натпреварува во Втората пингпонгарска лига на Македонија. За таа цел, клубот кој е дел од Пингпонгарската Федерација на Република Македонија од почетокот на идната недела започнува со уписи на нови членови во клубот.
-Член на клубот може да биде секој граѓанин на општина Македонска Каменица. Предност ќе имаат кандидатите кои веќе се бават со спорт, но вратите се отворени и за оние кои сакаат да ги научат тајните на овој спорт. Уписите ќе се вршат во старата спортска сала на гимназијата „Миле Јаневски Џингар”, со почеток од 18:00 часот, почнувајќи од понеделник 3 јуни 2019 година, истакна Стево Ристовски, одговорното лице во ППК „Саса”.
Тренинг програмата започнува веднаш по завршувањето на уписниот рок, за што од ППК „Саса” дополнително ќе ги известат новите членови.
Со оглед на тоа дека клубот е нов и е во самиот зачеток, од ППК „Саса” очекуваат солидна бројка на новозаинтересирани пингпонгари со кои ќе започне долг тренажен процес за што подобри настапи во второлигашката конкуренција.