По првата носителка Наоми Осака, денешниот ден на Грен слемот во Париз беше несреќен и за десеттата фаворитка Серена Вилијамс. Американката загуби од сонародничка Софија Кенин и е елиминирана во третото коло.

Мечот траеше еден час и 33 минути и беше решен во два сета, 6:2 и 7:5.

Во осминафинаето Кенин ќе игра со Ешли Барти од Австралија.

Наградниот фонд на „Ролан Гарос“ изнесува 42,6 милиони евра.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/06/2019 11:11