Членката на македонската карате репрезентација Ваниса Думани освои бронзен медал на 24-то Балканско првенство во карате за деца што се одржува во Бања Лука, Босна и Хрцеговина.

Думани, која е членка на КК „Уранику“ од Дебар третото место и бронзениот медал го освои во категоријата до 49 килограми за деца до 13 години.

-Првата борба ја имаше со претставничката на Србија која ја доби со резултат од 5:1. Втората борба со претставнчката на Трција беше со нерешен резултат, но со изјаснување на судиите резултатот беше 5:0 за Ваниса, потоа беше поразена од каратиската од Бугарија ,а во последното коло беше подобра од својата противничка од Романија, со што го освои третото место и бронзениот медал, изјави за МИА Дурим Пачуку, тренер на нашата репрезентативка.

Претходно, првиот медал за нашата репрезентација на ова Балканско првенството го освои Нуредин Дервиши од КК „Ускана“ од Кичево, кој го освои третото место.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/06/2019 16:16