Пилотот на Дукати, Данило Петручи го победи својот колега Андреа Довициозо и лидерот на МотоГП – Марк Маркез и ја освои ГН на Италија со минимално водство на легендарната „Муџело“.

Италијанецот почна трет, а неколкупати го преземаше водството, а во последната обиколка дури дојде до мал контакт помеѓу него и Дови.

На крајот, Маркез успеа да заврши на второто место и да ја задржи својата прва позиција во рангот со 115 поени по шест трки од сезоната 2019, а Довициозо заврши на третото место и остана на второ место во генералниот пласман со 103 поени.

Зад Алек Ринс, кој финишираше денеска четврти и го задржа третото место во генералниот пласман со 88 поени, финишираше сателитскиот пилот на Хонда, Такаки Накагами, следен од Маверик Вињалес со Јамаха и Микеле Пиро, кој возеше со вајлд карта за Дукати.

Осми заврши Крачлоу, а зад него се нареди Пол Еспергаро со КТМ. Топ 10 ги додаде Куартараро, кој започна втор.

Клубскиот на Маркез, Хорхе Лоренцо заврши едвај 13-ти.

Валентино Роси падна уште пред да измине половина од трката и сега е на петтото место во генералниот пласман на возачите на МотоГП



Автор: Администратор
Објавено на: 02/06/2019 16:45