Културно-информативен центар – Скопје, организира претставување на литературното творештво на американскиот поет Џорџ Валс.

За неговото творештво ќе говорат писателите Шаип Емерлаху и Ндуе Укај.

Неговата поезија во основа е ориентирана на поетски перформанс, заснован на имагинарната креација, која е базирана на игра на зборови и надреалистичка деконструкција и бриколаж во неговата финална форма, која се карактеризира со достапен наративен и силен ритмички импулс.

Најпознати книги на Влас се: „Прицврсти ги розите”, „Грне за молзење”, „Пеперутките и нивните тетоважи”, „За моментално опуштање”, „Грејтест хитс”, „Пливање низ вода”, „Педесет љубовни поеми”.

Во 2017 година е прогласен за лауреат на Меѓународниот поетски фестивал „Дитет е Наимит”, што се одржува во Тетово.

Џорџ Валас е роден 22 март 1949 година во Хемпстед, Њу Јорк. Во 1967 година се запишал на Универзитетот во Сиракјус, каде се запознал со Ален Гинсберк и студирал со В.Д.Снодграс, а по завршувањето во 1971 година му започнува дваесетгодишната кариера на истражување на Америка, Европа и Азија.

Од 1988 година ја започнува својата децениска работа како новинар и колумнист по локалните весници и радио станици низ Њу Јорк. Учествувал на познати светски фестивали низ светот, како фестивалите во Ледбјури, Вуди Гатри, Ловел Селебрејт Карук и Лирик Рикавери Карнеги Хол. Соработувал со француски драматурзи на фестивалот во Авињо, појавувајќи се на сцена со бројни ликови од популарната музика. Неговите предавања и читања му овозможиле присуствување на многу локации Англија и Америка, вклучувајќи го и центарот Дилан Томас, Роберт Бенс, Џон Стајнбег и други.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/06/2019 19:30