Факултет за драмски уметности при УКИМ во Скопје организира проекција на дипломските филмови на студентите од ФДУ.
Во кино „Синеплекс“ ќе бидат прикажани филмовите: „Обид за среќна приказна“ на Лавинија Софрониевска, „Неонски срца“ на Ана Јакимска, Александар Ристески, Горјан Атанасов, „Paw-law“ на Тамара Котевска и Андреј Ристески, „Rockerman“ на Мартин Георгиевски, „Црно-бело“ на Сандра Ѓоргиева, „Иднината е наша“ на Андреј Георгиев и „Црни и криви“ на Марко Џамбазовски и Марко Димитриевски.
Дипломските филмови се поддржани од Агенцијата за филм на Република Македонија.