Со прикажување на филмот ПУЛА 56 во режија на Славко Јаневски, инсерти од југословеснката филмска продукција 45 – 81, како и говор на Данчо Чеврески за својот влог во jугословенската и македонската кинемтаографија денеска во Кинотеката на Република Македонија ќе биде отворена изложбата на филмски плакати и рекламен филмски материјал, со наслов „Филмовите што ги сакавме (1947 – 1980)“, изработена од Историскиот архив на Пожаревац.

Изложбата се состои од 64 паноа, со димензии 70 см х 100 см, на кои се претставени 180 постери, односно рекламни филмски флаери и претставува своевиден омаж на историјата на југословенскиот филм. Таа го следи развојот на домашната кинематографија во тогашна ФНРЈ, односно СФР Југославија, во периодот меѓу 1947 и 1980 година.

Отворањето на изложбата „Филмовите што ги сакавме (1947 – 1980)“, која ќе биде збогатена со уште десет паноа за македонската кинематографија, подготвени од Државниот архив и Кинотеката. Изложбата ќе може да се посети до 17 јуни годинава.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/06/2019 19:43