Домот на културата од Гевгелија, под покровителство на локалната самоуправа од денеска до четврток организира неколку културни манифестации со кои гевгеличани годинава ќе го чествуваат својот патрон „Свети Спас“ заштитникот на градот.

Прославата на Спасовден, според програмата што ја презентираше организаторот, ќе почне денеска во салата на Народниот театар во Гевгелија со театарската претстава „Синиот портокал“ во изведба на велешкиот театар „Џинот“.

Реализацијата на празничната програма ќе продолжи во среда (5 јуни) на платото пред Градската библиотека со концерт на ансамблот „Македонија“ на кој, низ песни и игри, ќе биде презентирана македонска староградска музика.

Во четврток (6 јуни) на денот „Свети Спас“ прославата на заштитникот на градот Гевгелија ќе заврши со традиционалната манифестација „Распена чаршија“ која ќе се одржи на плоштадот во центарот на градот со дефиле на анамбли за староградски песни.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/06/2019 20:14