Катедрата за балетска педагогија современ танц од Факултетот за музичка уметност при УКИМ вечер од 20 часот на малата сцена на Националната опера и балет ќе ја презентира својата програма со прикажување нови дела и тенденции на современата танцова сцена кај нас.
На 70-минутната презентација ќе бидат претставени кореографии од студентите по предметот Композиција на современ танц.
– Со прикажувањето на новите современи танцови дела се отвора нов аспект на оваа студиска програма каде студентите се насочени кон идејни креации и изведба на новите дела, изјави нивниот ментор – вонр. проф. д-р. Искра Шукарова.
Катедрата за балетска педагогија современ танц на ФМУ постои од 2010 година и има реализирано голем број концерти во класичниот и современиот отсек.